Синер ослободен од сите обвинувања во случајот со допинг-скандалот

Светската Антидопинг Агенција (ВАДА) донесе одлука да не се жали до Судот за спортска арбитража во Лозана на пресудата на италијанскиот тенисер Јаник Синер во случајот со допинг-скандалот.
Италијанецот двапати бил позитивен на допинг-тест на забранета супстанција, но не му била изречена суспензија, а сега беше ослободен од сите обвинувања и не треба да се плаши дека ќе ги загуби остварените успеси во изминатиот период.
Синер ќе ги задржи титулите на УС-опен и Мајами, како и поените за полуфиналето на Индијан Велс и Монте Карло, но и останатите резултати.
Доколку одлуката беше спротивна и Синер беше прогласен за виновен, тогаш суспензијата ќе важеше од моментот кога го добил позитивниот тест, односно од Индијан Велс, по што ќе му беа поништени сите резултати.