ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе претставка до ДКСК за нерегуларности во анкетните листови на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска со нерегуларностите во анкетните листови од 2018 и 2024 година на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Advertisements

Од партијата повторно посочија дека во анкетниот лист од 2024 година Филипче навел дека поседува имот кој во 2018 година не го пријавил во анкетниот лист кога станал министер. ВМРО-ДПМНЕ ги повика институциите да истражат зошто Филипче не пријавувал имот во своите анкетни листови, а него го повикаа самиот да одговори.

„Филипче како министер за здравство во својот анкетен лист пријавил куќа од 464 квадратни метри изградена во 2017 година, како и стан од 130 квадратни метри стекнат како подарок во 2016 година. Додека, пак, на име заеднички имот пријавил уште еден стан во Скопје од 50 квадратни мерти стекнат со договор за купопродажба во 2010 година. Пратеникот Филипче во 2024 година пријавил дека го поседува следниот имот: стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година, кој не го пријавил кога бил министер, а според тоа што навел го стекнал пред да стапи на функцијата; втор стан во Скопје стекнат со наследство во 2016 година кој, исто така, не го пријавил додека бил министер; два стана во Скопје од по 12 милиони денари, стекнати со договор за градба во 2017 година, кои, исто така, ги немал пријавено во анкетниот лист додека бил министер и стан во Центар стекнат во 2008 година со договор за купопродажба, кој, исто така, не го навел додека бил министер“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button