Измените на Законот за локална самоуправа на собраниска седница

Собранието денеска треба да ја започне 14. седница на која на предложениот дневен ред се 31. точка, меѓу кои Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа, по скратена постапка, со којшто, меѓудругото, се предвидува вршителот на должност градоначалник во општините каде по сила на закон им престанал мандатот на избраните градоначалници да можат да ја извршуваат оваа функција до изборот на нов прв човек на општината.
За да се изгласа овој закон потребно е двотретонско мнозинство. Според информациите од Собранието, пратениците на ДУИ ќе го поддржат законот, а пратеничката група на СДСМ до вчера доцна попладне немаше се уште изградено став како ќе гласа на седницата за овој закон.
По парламентарните избори во земјата и изборот за министри и пратеници, в.д градоначалници има во Аеродром, во Гостивар и во Сарај.