
По четврти пат, сезоната во македонската клупска кошарка ќе биде отворена со натпреварите од Суперкупот на Македонија.
На 28 септември, во СРЦ „Кале“во Скопје, таа чест ќе ја имаат четирите најдобри клубови (во двете конкуренции) од ланската натпреварувачка сезона.
Програмата во СРЦ „Кале“ ќе стартува од 17:00 часот, со натпреварот во женска конкуренција, во кој ќе се сретнат шампионот, екипата на Баскет Кам 2011 од Македонска Каменица, и „предивикувачот“, екипата на МЗТ Скопје.
Нешто подоцна, од 19:30.часот, во битка за трофејот во ова натпреварување, ќе играат МЗТ Скопје, кој ги брани пехарите освоени во ланската сезона, и битолски Пелистер, кој има две вицешампионски места до кои стигна во плеј-офот односно финалниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“.