ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Предлог-законот за унгарскиот кредит на пленарна седница во вторник

Собраниската Комисија за финансирање и буџет го даде на натамошна постапка Предлог-законот за заем од половина милијарда евра од унгарската Влада, кој се носи по скратена постапка. Со седницата претседаваше Бојан Стојановски откако во дадениот рок во Деловникот, претседателката на Комисијата Сања Лукаревска не ја закажа седницата. Пратениците на СДСМ не учествуваа во работата на Комисијата.

Advertisements

Собраниската седница на која треба да се гласа за заемот се очекува да се одржи во вторник следната недела.

Со Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Унгарската експорт – импорт банка е предвидено државата да се задолжи со 500 милиони евра. Условите се регулирани во договор за заем кој ќе се склучи помеѓу Република Северна Македонија и Унгарската банка.

Во дел од нив се вели дека заемот ќе се повлече во една транша, рокот за отплата е 15 години, со вклучен грејс период од три години.

Каматната стапка е фиксна и изнесува 3,25% а ќе се плаќа провизија за неповлечени средства во висина од 0,5% од заемот на годишно ниво. Кредитот ќе се отплаќа на 24 полугодишни рати, на 15 февруари и 15 август секоја година.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button