ЗАБАВА

Гледајте ја позитивната страна на понеделникот


Ќе го сакаме овој понеделник бидејќи е нов почеток. А секој почеток е добра промена. Да, надвор има сонце и би сакале да шетате наместо да седите во канцеларија, но има милион други причини за насмевка и позитивна енергија. Гледајте и од практичната страна на работите:

Во понеделник имате шанса за “restart”

Тоа значи дека сè што не сте успеале минатата недела да направите, за сè што сте згрешиле имате шанса за поправен, бидејќи понеделникот дава можност за промена. Стиснете го внатрешното копче “restart” и неделата нека биде само ваша и нека биде успешна.

Во понеделник поставете нов курс на работите

Сè што не чинело оставете го во минатата недела. Ако постојано се жалите дека нешто не е во ред, дека овој ден само ви одмага, дека го мразите бидејќи ви го расипал викендот, во тој случај промената направете ја самите, а понеделникот нека ви биде од помош. Ако вие се чувствувате способни за промена, тогаш и другите ќе ја почувствуваат истата енергија.

Во понеделник облечете нешто ново

Овој ден е совршен за промоција на нова гардероба, нови чевли кои, мора да признаете, влијаат на самодовербата и позитивната промена на расположението. Не се штедете себеси во уживањето во материјалните работи кои сте си ги заработиле сами.

Понеделникот носи нов потенцијал

Искористете го потенцијалот кој го носи. Не тонете во маглата на денот, погледнете низ неа, и побарајте го денот кој го чекавте толку многу . Побарајте нова смисла на неделата која следи. Дајте и цел и остварете ја, не само на работа туку и приватно.

И на крај, не се врзувајте за името на денот, туку за новините кои може да ги донесе, а ќе влијаат позитивно на вас како личност која дирекно е инволвирана.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button