ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Спортското игралиште во Велес се уште не е завршено, ФФМ сè уште е одговорна за неговото одржување бидејќи се уште не е направено примо-предавање

Спортското игралиште во Велес се уште не е завршено, ФФМ сè уште е одговорна за неговото одржување бидејќи се уште не е направено примо-предавање

Не е завршен помошниот стадион во Велес, инвестиција која според Фудбалската федерација на Македонија чинела цели 400 илјади евра. Увидот што телевизијата Алсат го направи на овој стадион јасно покажува дека од планираниот проект недостасуваат уште многу детали. Изградбата беше најавена на 02.06.2021 година, кога присуствуваше и самиот прв човек на федерацијата, Мухамед Сејдини, кој ја најави инвестицијата од 400 илјади евра.

Advertisements

„Ќе се санира помошниот стадион во Градскиот парк во Велес. Вредноста на инвестицијата изнесува 21.157.266 денари“, рекле од Општина Велес на 02.06.2021.

Сејдини на промоцијата на проектот изјави дека работите ќе завршат во рок од една година.
Новинар: Колку време ќе траат работите?
„За една година“, рекол Мухамед Сејдини, претседател на ФФМ.

Но, во ноември 2023 година, аматерско видео снимено од граѓанин го докажува спротивното.

„Реконструкцијата на помошниот фудбалски терен започна на 02.06.2021. До сега 17.11.2023 година не е завршена. Инвестицијата е на ФФМ“.

Фудбалската федерација соопшти дека во август 2023 година, според договорот, истече обврската за одржување на теренот. Во овој случај, овластувањата преминаа на општината. ФФМ испрати фотографии за кои велат дека датираат од август. Но, сликите на прв поглед се чини дека се од времето кога проектот бил во тек. Во меѓувреме од општина Велес го демантираат ФФМ.

„Општина Велес формираше комисија за вршење надзор заедно со ФФМ и излеговме на терен каде констатиравме голем број неправилности во однос на основниот проект и неговата изградба. Комисијата ќе состави релевантен извештај кој ќе го испрати до инвеститорот кој е должен да ги отстрани грешките. Од тие причини се уште не е извршено техничкото примопредавање на објектот“, велат од Општина Велес.
Тоа имплицира дека според општината теренот се уште е во надлежност на ФФМ.

„Согласно договорот за меѓусебна соработка и дефинирањето на правата и обврските, Општина Велес е должна да се грижи за теренот кога ќе се изврши техничкото примопредавање од страна на ФФМ, што до сега не е направено. Од ова произлегува фактот дека, дотогаш, ФФМ е должна да го одржува теренот“, додадија од Општина Велес.

Фирма која ги изведуваше работите е „Делта пром“.Договорот со него е потпишан во мај 2021 година. Додека од ФФМ велат дека нема одговорност, останува нејасно каде завршиле 400.000 евра пари ппредвиени за проктот./Алсат.мк

Авни Тахири

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button