ЕКОНОМИЈА

Предлогот за есенската кошничка ќе ги почека разговорите на Владата со производителите и трговците

Предлогот за замрзнување на цените на дел од производите или за ограничување на висината на маржата можно е утре да не биде ставен на разгледување на владината седница, најави премиерот Христијан Мицкоски.

Advertisements

Мицкоски вели дека за предлогот на Министерството за економија и труд, кој изминатата недела се најавуваше дека ќе биде на утрешната владина седница, треба да разговараат со производителите и трговците за да се најде најдобриот начин за сите да бидат задоволни.

„Имав разговор со министерот за економија и труд да ги покани на состанок и производителите и трговците и да разговараме кој е најдобриот начин за да им помогнеме од една страна на граѓаните, а од друга страна и тие да бидат задоволни како производители и како трговци. Не мора да значи дека во текот на утрешниот ден на владина седница ќе биде предлогот или една недела подоцна ако е потребно додека да се усогласат ставовите. Не сакаме на сила ништо да правиме“, рече Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button