ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Знаме, МНР чека извинување од Бугарија

Знаме, МНР чека извинување од Бугарија

Скопје ќе испрати протестна нота и очекува извинување од официјална Софија за фотографирањето на двајцата претседатели само со знамето на Бугарија. За таа цел во МНР беше повикан бугарскиот амбасадор Жељазко Радуков. Извори од МНР велат дека протоколот на двете страни бил договорен за работна средба и тет-а-тет средба. На заедничката средба за работен ручек биле поставени знамињата на двете делегации. Кога претседателката Силјановска се одвоила за средбата во четири очи со претседателот Радев, објаснуваат извори од министерството, бугарската страна застанала за фотографирање, нешто што не било планирано. Зошто протоколот на Радев се поместил од договореното, велат од МНР, е прашање за нив. Нивното однесување го нарекуваат несоодветно и неевропско.

Advertisements

СДСМ не се согласува со оправдувањето на власта. Според нив, делегацијата составена од претседателот и министерот за надворешни работи и министерот за култура дозволила земјата да биде потценета.

Посетата во петокот на претседателката Г.Силјановска давкова во Софија беше следена со внимание, а и проследена со критики затоа што на двете страни има само бугарски знамиња.
Меѓу другото, извори од министерството велат дека на средбите е разговарано за потребата на продолжување на дијалогот и надминување на проблемот, но не конкретно за идејата на уставни измени со одложена примена. Од Министерството велат дека на средбите со земјите членки на ЕУ, како и со претставниците на европските институции, разговараат за предлогот на новата Влада во Скопје, имено, уставните измени со одложена имплементација, по полноправното членство во ЕУ. Тие го нарекуваат ова „француски плус предлог“, за кој велат дека не е неопходен за промена на преговарачката рамка, туку само неговото толкување, кое, сепак додаваат, е политичка, а не правна норма./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button