Студентите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ против поскапувањето на услугите на одредени факултети
Студентите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ против поскапувањето на услугите на одредени факултети

Студентите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го изразуваат својот револт од поскапувањето на услугите на одредени факултети.
Бленди Ходаи од Форумот за промени во образованието нагласи дека треба да се размислува за нов модел на финансирање на универзитетите, но не на сметка на студентите.
„Зборуваме за некои услуги кои Универзитетот треба да ви ги понуди, но не ви ги нуди и ве тера да платите за истите услуги. На пример, онлајн услуги за ресурси, што значи услуги за пристап до дигитална библиотека, пристап до различни бази на податоци за истражување, пристап до апликации на Microsoft кои мора да бидат лиценцирани. Значи, сите овие не фигурираат, ги немаме како студент на УКИМ а она што е најконтроверзно е што Универзитетот те тера да платиш за овие онлајн услуги што никогаш не ги имаш“, рече Бленди Ходаи, Форум за промени во образованието.
Во реакцијата на Синдикатот на Студентскиот парламент се наведува дека најголем дел од овие финансиски трошоци не треба да се префрлаат на студентите, туку треба да бидат покриени од Министерството за образование и наука, Министерството за Финансии./Алсат.мк
Мелихате Рустеми