СПОРТФУДБАЛ

Гвардиола: Симоне знае што прави и има разработени шеми за прогрес на тимот

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола. имаше само пофални зборови за своите ривали во првото коло од новиот формат во Лигата на Шампионите.

Advertisements

„Граѓаните“ ќе се соочат со Интер, во реприза на финалето од пред две сезони, а шпанскиот стратег уверува дека италијанците имаат подеднакво силен, ако не и посилен тим оттогаш.

„Интер има неверојатни сезони зад себе. Тренерот е ист, Симоне точно знае што прави и има одлично разработени шеми за прогрес на тимот. Очигледен е нивниот напредок во секое поле и мораме да бидеме многу внимателни. Што се однесува до нас, минатите сезони покажавме дека секогаш победуваме на домашен терен. И овој натпревар нема да биде исклучок, ќе се обидеме да дојдеме до трите бода. Не правиме калкулации, прерано е да се зборува за пласманот на табелата.

Новиот формат е нов и за нас, но и за сите останати екипи. Годинава ќе собираме искуство, а догодина ако се пласираме во елитниот ранг, тогаш ќе мораме да делуваме позрело. Тимот е силен, играчите се ментално подготвени за предизвикот“, рече Гвардиола.

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Интер ќе се игра на стадионот “Итихад” со почеток во 21:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button