СПОРТФУДБАЛ

Милер со нов рекорд, го претекна Чави од Барселона

Во низата рекорди кои ги постави Баерн и неговите фудбалери на синоќешниот меч против Динамо, влезе и легендарниот фудбалер на овој клуб Томас Милер. За него, синоќешниот меч беше 152. во Лигата на Шампионите и го симна од врвот Чави кој со 151 беше рекордер по бројот на одиграни натпревари за еден тим во елитното натпреварување.

Advertisements

Со оглед на тоа што сезоната тукушто почна, 35-годишниот фудбалер ќе има можност дополнително да го подобро своето достигнување и да постави бројки кои тешко ќе се надминат во иднина.

Ветеранот дебитираше за Баерн во Лигата на Шампионите во 2009 година и со овој клуб има две титули.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button