ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Народна банка: Основната каматна стапка се намалува за 0,25 процентни поени

Најновите услови во економијата овозможуваат да се почне со постепено претпазливо нормализирање на поставеноста на монетарната политика и е одлучено каматната стапка на благајничките записи да се намали за 0,25  процентни поени, на нивото од 6,05 проценти, соопшти денеска Народната банка.

Advertisements

Каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена се непроменети, на нивоата од 4,20 проценти и 4,25 проценти, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е исто така непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка вчера на  редовна седница ги разгледуваше најновите податоци и информации за глобалната и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button