ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Во Брисел ќе ја пренесам фрустрацијата на граѓаните

Пред утрешната средба со претседателката на Европската Комисија Урсула Фон дер Лајен во Брисел, премиерот Мицкоски вели дека целта на посетата е Планот за раст а не разговори за деблокирање на европската интеграција. Ако се отвори темата за евроинтеграциите, тој ќе ги пренесе фрустрациите на македонскиот народ.

Advertisements

„Како што беше и во минатото кога бевме опозиција, така и сега како влада, сега дури имаме и повеќе аргументи, сакаме да ги претставиме аргументите, сакаме фрустрацијата која ја чувствуваат македонските граѓани да ја пренесеме таму, бидејќи таа е голема, огромна би рекол, бидејќи повеќе од две и пол децении откако го почнавме овој наш пат кон Европската Унија, повеќе од деценија и пол откако го добивме првиот позитивен извештај од страна на Европската Комисија за започнување на овие преговори, ние не сме во можност да почнеме. Не заради тоа што не ги почитуваме копенхагеншките критериуми, не затоа што не сме љубители на европските вредности туку затоа што има вештачки наметнати пречки коишто ниту еден народ, ниту една држава ги немала, како што ги имаме ние“, рече Мицкоски.

На прашањето пак дали на средбата со Фон дер Лајен ќе стане збор за уставни измени со одложени дејство, Мицкоски рече дека не би сакал да коментира, но и дека се јасни позициите на Владата по ова прашање.

„Доста беа порази, доста беа политики и дипломатија на свиткана кичма и на бакнување на чевли. Сега имаме политика и дипломатија, која што се темели на двонасочна улица. Сакам да збориме за вредности, за почитување на човекови права и да знаеме ако го отпочнеме, како што ни беше ветувано во таа 2018 година за три, четири, пет години максимум, ќе го завршиме тој пат и ќе бидеме членка на Европската унија“, додаде Мицкоски.

Мицкоски во Брисел каде ќе го претстави документот за Планот за раст и ќе одржи средби со високи претставници на европските институции, а покрај него, во Брисел оди и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, кој пак ќе одржи средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button