ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Работна група ќе го трансформира системот за управување со кризи

Формирана е работна група, во која претставници на повеќе институции треба да го трансформираат системот за управување со кризи. Треба да се направи сериозна анализа за причините кои ја доведа државата до ситуација да не може да се справи со пожарите, но и да се види каква е состојбата и врз основа на тоа да се изготви стратегија. Пожарите летово уништија стотина хектари шуми низ целата држава.

Advertisements

„Првиот чекор е да бидеме максимално подготвени за следната година, да исклучиме било каков ризик, од нешто слично што се случи ова лето. Ќе траба да се изменат и десет и повеќе закони. Ќе треба да се изготви нов закон за пожарникарство. Треба да се прошират институциите кои што ќе бидат вклучени во системот, на пример Јавното претпријатие за стопанисување со пасишта“, рече Љупчо Димовски, заменик премиер.

Едно од решенијата е спојување на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи, но тоа не значи дека тоа е конечното решение, вели Димовски. Сепак, вели станува збор за сложен процес, кој ќе трае најмалку две години.

„Таа стратегија ќе биде во чекори.Тоа е долг процес и веројатно ќе трае две години, но тоа не значи дека со она што сме го завршиле на пример пожарите, не треба да бидеме подготвени“, изјави Димовски.

„Охрид има помала бројка на пожарникари, според она како е законски предвидено. Но ако од овие состаноци на крај произлезе некое системско решение на сите институции кои во време на криза реагираат, тогаш мислам дека државата и општините заедно ќе имаме еден комплетен систем, кој ќе може да се справува со било каква криза“, изјави Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Трансформацијата на системот за управување со кризи се наметна откако државата се покажа дека неподготвена навреме да изреагира во спречување и намалување на штетите при различни непогоди.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button