
Министерот за економија Бесар Дурмиши најави дека нема да има замрзнување на цените на одредени прехранбени производи. Според него, наместо замрзнување на цените, бруто-профитната маржа на големо и мало ќе биде ограничена на 10%. Дурмиши нагласи дека со мерката за маржа ограничена на 10 проценти ќе бидат опфатени околу 100 производи како што се: млеко, млечни производи, месо, шеќер, брашно, масло, зеленчук, видови овошје.
„Станува збор за мерка, есенската потрошувачка кошничка која на повеќето граѓани им е потребна за храна или основни производи. Не се работи за замрзнување на цените, туку за ограничување на профитната маржа, бруто профитната маржа на 10%“, рече Дурмиши.
Тој рече дека овој предлог е веќе доставен до Владата. Премиерот Мицкоски рече дека од технички причини за ова праашње не било разговарано на вчерашната седница и оти за мерката ќе се расправа следниот вторник кога се очекува да биде одобрена. Од друга страна, во реакцијата на СДСМ, се вели дека мерката нема да даде никаков резултат, а власта нема ниту желба ниту концепт за намалување на цените на прехранбените производи.
„Доколку Владата не знае, тогаш СДСМ ќе даде конкретен предлог за закон со кој сите граѓани ќе штедат и ќе се амортизира ценовното влијание, а фирмите нема да трпат штети“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Мерката се очекува да важи еден месец. Практиката на ова одобрување ќе продолжи и за време на Нова Година, Рамазан и Велигден. Според последните податоци за еден месец, најмногу поскапе зеленчукот, 10 отсто.
Мелихате Рустеми