ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Злоупотреби од поранешните директори на здравствените установи

Пари за дежурства им легнувале на сметка додека директори на јавни здравствени установи уживале на плажа, а во меѓувреме континуирано растел јавниот долг на здравствените установи. Вработени примале и плати врз основа на непостоечки колективни договори, а во јавните здравствени установи се испумпувале пари и преку јавни набавки, како и преку додатоците за боледување, открива директорот на фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.

Advertisements

„Можеби се сеќавате, 2022 година, една директорка на Клиника си исплаќала дежурства додека пуштила слики дека е на одмор во Турција, или не знам на некое друго место. Заради тој случај тогаш е покрената вонредна контрола на сите директори во Клиничкиот центар и кај повеќемина е констарирано дека се исплаќале дежурства кога не биле на работа Веќе имаме констатирано условно кажано и сомнителни набавки на софтвер во износи кои на некои клиники отстапуваат повеќекратно, 20, 30 пати од тоа што се трошоци во другите клиники. Разгледуваме злоупотреби во набавките и на крај исто така ги контролираме, правиме внатрешна и вонредна контрола за боледувањата“, рече Клековски.

Покрај ова, директор на јавна здравствена установа со месеци си исплаќал патни трошоци без никаква потврда во износ од 500 илјади денари. Друг економски директор си ја зголемил платата надвор од колективниот договор за 400 илјади денари во период од една година. Во извештајот за 2023 стои дека во повеќе клиники се исплаќале пари за дежурства без дозвола од Министерството за здравство, додека целата установа во центарот за јавно здравје исплаќала плати врз основа на непостоечки колективен договор. За поголемиот дел од овие злоупотреби, Антикорупционерите допрва ќе треба да отвораат предмети.

„Мислам дека неколку барања беа од Државната комисија за спречување на корупција по анонимни претставки до нив и тие се доставени, контролите се направени и резултатите се доставени до нив. Претпоставувам дека тие понатаму ќе ги достават до јавното обвинителството. Другите работи што ние ги откриваме го информираме Министерството за здравство како одговорен во подрачјето на здравство, а планираме кога ќе имаме малку повеќе резултати, да ги сумираме резултатите и да ги доставиме и до надлежните институции за прогон“, додава Клековски.

Како последица на овие злоупотреби, иако влијаат и други фактори, јавниот долг на здравствените установи изнесува пет милијарди денари од кои само во првите шест месеци на 2024 година е забележано зголемување за една милијарда. Клековски уверува дека има план како наскоро да се намали овој долг, за граѓаните да можат непречено да ги добиваат здравствените услуги.

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button