Дали отворените конкурси ќе се повлечат по одлуката на Уставен

Молк од извршната власт и институциите по одлуката на Уставниот суд во врска со отворањето на постапката за Балансерот, и привремената мерка за запирање на вработувањата во администрацијата, врз основа на етничка припадност. Владата, ниту Министерството за администрација, не одговараат на поставените прашања на Алсат за тоа како ќе ја гарантира правична застапеност во институциите, во услови кога нема да се користи Балансерот.
Дали евентуално ќе користат некој друг механизам и што ќе се случува со тековните конкурси, кои се објавени врз основа на годишни планови, а во кои е вметнат и принципот на балансерот, со цел да се обезбеди правична застапеност на сите заедници во државата. Во моментов во Агенцијата за администрација се отворени 10 конкурси за државни и јавни службеници.
Општинските институции кои во моментов бараат кадри за човечки ресурси, правници, раководители на сектори и референти за управување со документи, не е познато дали по одлуката на уставен ќе ги суспендираат овие отворени конкурси или тие ќе продолжат со оглед на тоа дека дел од нив се во фаза на селекција на кандидати. Партиите во земјата гарантираа дека ќе создадат законско решение кое ќе го замени инструментот, кое низ годините служеше да гарантира дека граѓаните од различна етничка припадност ќе бидат соодветно застапени во институциите. Сепак, останува нејасно како ќе се третира временскиот вакуум од одлуката на Уставниот суд до донесувањето на друго решени.
Прашањето за укинување на балансерот долго време беше тема на дебата, бидејќи беше широко злоупотребувано во изминатиот период. Соодветно на тоа, имаше многу случаи кога граѓани лажно пријавуваа дека припаѓаат на одредена заедница за да се вработат. Од друга страна, државата нема правен механизам за спречување на оваа злоупотреба. Исто така, имаше критики и дека приоритет се дава на етничката припадност повеќе од квалитетот на кандидатите. Основната цел на овој инструмент, кој се заснова на Охридскиот договор и Уставот, е спречување на дискриминацијата при вработување.