
Во Брисел знаат која страна го попречува напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, но тоа јавно никој нема да го каже, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за „Политико“, посочувајќи дека Европската Унија и САД се содласуваат со Србија за ова.
Во текстот се наведува дека Вучиќ неодамна повика на повторно одржување на избори во четири општини на северот на Косово со српско население, но дека премиерот на Косово Албин Курти ги „охрабрил“ политичарите да ги окупираат тамошните административни згради што доведе до „криза и подигање на страстите од двете страни“.
На обвинувањата на Курти дека Вучиќ спроведува неразумни и очајни мерки и дека води агресивна кампања, Вучиќ му одговори дека „ако е неразумно и агресивно да се имаат демократски избори, тогаш добро, многу ви благодарам“.
Вучиќ за „Политко“ вели дека нема никаков интеерес да го разгори огнот кај спротивната страна, но оценува дека се добива впечаток дека во Приштина се „опседнати“ со него.
„Ако читате што зборуваат секој ден, ќе видите дека тоа е само Вучиќ, Вучиќ“, вели тој.
Вучиќ: Побарав конкретна и недосвмислена реакција од Европската Унија за потезите на Приштина
Оваа недела треебаше да се одржи трилатерален состанок на главните преговарачки тимови на Белград и Приштина со посредство на специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, но тоа не се случи.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ги покани балканските лидери на работен ручек во Брисел за да разговараат за агендата за раст на ЕУ и интеграцијата на регионот во европскиот единствен пазар.
Иако на состанокот присуствуваат Курти и Вучиќ, тие не разговараа.