ВЕСТИСВЕТ

(ВИДЕО) Унгарија се подготвува за поплави: Дунав се излеа од коритото и стигна до зградата на парламентот

Главниот град на Унгарија се подготвува за огромен воден бран што в сабота треба да го достигне својот максимум во Будимпешта. Според прогнозите, се очекува нивото на водата на Дунав да достигне 8,5 метри.

Advertisements

„Поради обилните дождови и поплавите, ситуацијата е критична во цела Централна Европа. Според последните прогнози, клучниот период за Унгарија започнува утре, па заштитата од поплави оди со полна пареа. Ние ќе го направиме тоа!“, напиша унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната платформа Икс.

Најголемата европска река, Дунав, веќе се излеа од коритото во Будимпешта и стигна до зградата на унгарскиот парламент, јавуваат локалните медиуми.

Градоначалникот на Будимпешта Гергели Карачони најави дека градот ќе употреби милион вреќи со песок за да се одбрани од поплави, кои, според него, може да бидат една од најлошите во изминатата деценија, а 10 000 вработени и 15 000 волонтери се ангажирани за подготовка и одбрана од поплавите во главниот град.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button