ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Министерството за јавна администрација ќе ја чека конечната одлука на Уставен за балансерот

Одлуките на Уставниот суд не треба да се коментираат без разлика дали ни се допаѓаат или не, порача премиерот Христијан Мицкоски по одлуката од Уставниот суд да го разгледува укинувањето на т.н балансер за вработувања во јавниот сектор.

Advertisements

Според него треба се почека конечната одлука на Уставниот суд, кој сега само ги стави во мирување спорните законски одредби. Сепак, унапредувањата и вработувањата мора да се базираат на квалитет дециден е Мицкоски.

Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги осуди повиците за протести од некои од политичките лидери од албанскиот блок по одлуката на уставните судии. Нов закон засега не се подготвува вели Минчев, а тоа ќе зависи од конечната одлука на Уставниот суд и разговорите со владините партнери.

– Јас се надевам дека во рамките на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следува, каков било повик на протести или пак на дестабилизација на државата за укинување или пак за времена мерка на балансерот ги осудувам. Сметаме дека е дојдено времето како Влада да направиме сеопфатна реформа во јавната администрација, кажа Минчев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button