ЕКОНОМИЈА

ССМ очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) очекува благо зголемување на минималната синдикална кошничка што ќе биде објавена во понеделник или вторник идната недела. Тоа, како што истакна денеска претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, ќе биде црвен аларм за креаторите на политиките и за работодавачите во приватниот сектор, дека „раст на платите е потребен вчера, бидејќи денес е веќе доцна“.

Advertisements

Добро е се што се прави во интерес на работниците, посебно во насока на намалување на цените, оцени Трнедафилов на прес-конференција во врска со владиниот предлог што предвидува ограничување на бруто профитната маржа до 10 отсто за стотина основни прехранбени производи. Сепак, укажа, ваквата идеја треба да се спроведе во целост.

Трендафилов изрази жалење што ССМ не е вклучен во подготовката на владините кошнички за ограничување на цените и маржите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button