ВЕСТИРЕГИОН

Расте нивото на Дунав во Србија, пикот се очекува в среда во Војводина

Расте нивото на Дунав во Србија, пикот се очекува в среда во Војводина

Според надлежните во српскиот Хидрометеоролошки завод, пикот на нивото на реката Дунав се очекува да се случи на 25 септември кај Бездан во Војводина, а два дена подоцна, како што прогнизираат, тоа ќе се случи и кај Нови Сад, па потоа кај Земун, Белград и Панчево

Advertisements

Нивото на водата на реката Дунав се зголемува во делот на течението низ Србија, јавува Радио Телевизија Србија (РТС). Најзагрозени се населбите кај селата Бездан и Апатин во Војводина. И Нови Сад се подготвува за бран на поплави.

Според надлежните во српскиот Хидрометеоролошки завод, пикот на нивото на реката Дунав се очекува да се случи на 25 септември кај Бездан во Војводина, а два дена подоцна, како што прогнизираат, тоа ќе се случи и кај Нови Сад, па потоа кај Земун, Белград и Панчево.

Ваквата состојба се очекува да трае и следните седум до десет дена.

велат од Хидрометеоролошкиот завод во Србија.

Оттаму велат дека има критични места во подрачјето на поплавување, но дека надлежните преземаат мерки за да се спречат поголеми последици.

Инаку, како што јавува РТС, водостојот на Дунав кај Нови Сад утрово изнесува 397 сантиметри, а од почетокот на годинава надмина 560 сантиметри.

Воведени се сите мерки за превенција, за да може се да се подготви, но не се очекува поплавниот бран да ја надмине границата на вонредна одбрана од поплави.

Во Италија ситуацијата е најтешка поради ударот на циклонот Борис на северот од земјата. Повеќе од илјада луѓе се евакуирани, а сѐ уште трае потрагата по исчезнатите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button