ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Времето денеска: Наутро посвежо, попладне топло со температури до 29 степени

Времето денеска ќе биде со посвежо утро, а преку денот сончево и релативно топло, со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Се очекува да дува слаб ветар од јужен правец.
Минималните утрински температури ќе се движат од 3 до 12 Целзиусови степени, а максималните дневни температури од 19 до 29 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и релативно топло. Утринската температура во Скопје ќе изнесува 8 степени, а дневната температура ќе достигне 27 Целлзиусови степени.