МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Меџити призна дека власта има договор да го закочи Законот за бранители

„Изет Меџити во интервју за Радио слободна Европа јасно кажа дека постои коалициски договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН Законот за бранители (цитираме) „да остане заглавен“.

Advertisements

После ова признание на Меџити многу очајно личат овие маневри на ВМРО-ДПМНЕ, наивно мисли дека може некако да се спаси затоа што ги излажаа бранителите на кои им ветуваа поддршка“, велат од СДСМ и додаваат:

„Токму Претседателот на Собранието, Африм Гаши, инаку коалициски партнер на Мицкоски, се уште одбива да ја свика надлежната Комисија и да го стави на дневен ред Законот за бранители. Иако има обврска согласно Деловникот.

Пратеничката група на СДСМ веќе упати писмо до претседателот на Собранието, Африм Гаши, со кое регира за ова непостапување за Законот за бранители.

Зошто сега ВМРО-ДПМНЕ сака да го спаси Гаши од одговорност и повторно да ја врати постапката назад?

Нема потреба од очајни маневри, многу е едноставно. Наместо да коленичи Мицкоски нека го повика Гаши да ја свика комисијата и да го почитува  собранискиот деловник.

Носењето на Законот за бранители зависи од ВМРО-ДПМНЕ која има мнозинство во Собранието.“, стои во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button