ВЕСТИСВЕТ

Започнува Генералното собрание на ОН

Во Њујорк денеска во 9 часот започнува Генералната дебата на 79. Генерално собрание на Обединетите нации, на која ќе учествува и македонската делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска Давкова. Темата на годинешново собрание е „Не оставајќи никого зад себе: дејствувајќи заедно за унапредување на мирот, одржливиот развој и човечкото достоинство за сегашните и идните генерации“.

Advertisements

По официјалниот пречек на шефовите на држави и влади од страна на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш следува отворањето на кое тој ќе има воведно обраќање. По него традиционално се обраќа претставник на Бразил, а потоа ќе зборува американскиот претседател Џо Бајден. Трет говорник е турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Со сесијата ќе претседава камерунецот Филемон Јонг.

На Генералното, кое ќе трае до 30 септември, се очекува да присуствуваат 133 шефови на држави и влади, тројца потпретседатели, 80 потпретседатели на влади и 45 министри од земјите членки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button