
Реал Мадрид следното лето ќе цели на адекватно засилување за одбраната, а изборот паднал на стопер на Арсенал, Вилијам Салиба, пренесуваат шпанските медиуми.
Дваесетитригодишникот со успех го носи дресот на „топчиите“ во последните две сезони и со одличните игри го примами погледот на Реал Мадрид кој на него гледа како решение за долги стази.
Французинот има договор со Арсенал до 2027 година па јасно е дека Реал Мадрид ќе треба да го „одврзе ќесето“ за ангажман на фудбалерот кој популарниот „Трансфермаркт“ го проценува на 80 милиони евра.