ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СВР Битола поднесе кривични пријави против осум лица поради предизвикување пожари

Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола поднесе кривични пријави против осум лица за кои постојат основи на сомнение за предизвикување пожари. Лицата се на возраст од 40 до 75 години, а пријавите се поднесени за кривични дела „предизвикување на општа опасност“ сторени во периодот од 15 јуни до 23 септември годинава.

Пријавa против Г.А. (75) од Битола е поднесена затоа што на 17 август запалил оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во с.Облаково, Битолско, со намера да го изгори сметот, со што предизвикал пожар.

Advertisements

Пријава до битолското обвинителство е поднесена и против Л.М. (53) од Битола зашто на 10 август, додека заварувал со апарат за заварување и сечел со брусалка, не го обезбедил местото и од искра предизвикал пожар на сува трева на гробиштата во с.Кременица, Битолско.

До Обвинителството во Прилеп е поднесена кривична пријава и против В.Ш. (56) од с.Пуста Река, Крушевско, зашто во дворот истурила пепелник од шпорет со жар, при што настанал пожар на сува трева, кој зафатил и плевна и борова шума над с.Пуста Река.

„ОВР Македонски Брод до ОЈО Кичево поднесе кривична пријава против Т.Д. (57) од Прилеп затоа што на 5 август бил затекнат на место каде настанал пожар и кај него биле пронајдени предмети со кои го предизвикал пожарот. ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Г.К. (54) од с.Штавица, прилепско, затоа што на 5 август запалил сува трева во својот имот, а огнот се проширил и зафатил сува трева во соседните парцели“, информираат од СВР Битола.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button