Мицкоски: Албанскот јазик не е загрозен, тој се унапредува

Албанскиот јазике во Македонија не е загрозен и се надградува, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање. Запрашан за коментар на вчерашната изјава на претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, дека загрозувањето на албанскиот јазик го загрозува и идентитетот на Албанците, Мицкоски рече:
„Ние немаме таква намера. Го почитуваме тој идентитет и посебноста на албанскиот, македонскиот и сите останати јазици коишто ги користат граѓаните на Македонија. Ако се сеќавате, оваа година на прославата на Мечкин Камен, на 2 Август, Манифестот беше прочитан и на Албански јазик, не само на македонски. Апсолутно го почитувам албанскиот јазик, мислам дека оваа година на 22 ноември ќе биде денот на албанската азбука. Вчера градоначалникот на Битола ја пречека претседателката на албанскиот парламент во една институција значајна за албанскиот јазик. Така што, не само што не е загрозен, туку е и надграден“, рече Мицкоски.