ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Изгласани законските измени: Нема предвремени локални избори во Гостивар, Сарај и Аеродром

Со 83 гласа „за“ и 17 „против“ во Собранието поминаа законските измени за локална самоуправа со кои в.д. градоначалници да може да управуваат со општините и до две години.
Координаторот на пратеничката група на ДУИ Блерим Беџети пред гласањето во име на пратениците од Европскиот фронт ги кажа причините зошто одлучиле да ги поддржат овие законски измени. Беџети, кој од градоначалник на Сарај стана пратеник, посочи дека целта е да не се мачат граѓаните да излегуваат на вонредни избори, како и да се заштедат пари во Буџетот.