ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сообраќајот и согорувањето го загадуваат воздухот во Струга

Сообраќајот и согорувањето го загадуваат воздухот во Струга

Едногодишните анализи кои ги спроведе лабораторијата при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип по земени примероци од поставени мерни станици и анализа на пм 2,5 честички, покажуваат дека огревното дрво во текот на зимата и сообраќајниот хаос во летниот период, се главни извори на загадувањето во Струга..

Advertisements

„Најголемо учество во загадувањето во Струга доаѓа од сообраќајот, додека во зимскиот период доаѓа од согорувањето на био маса, односно огревното дрво.Зимскиот период е најзагадено и летниот период во месеците јули и август и почетокот на септември.Имаме и некои други ситни извори на загадување, кои сами по себе се мали, но кога се во комбинација заедно“, рече Афродита Зенделска- професор на Факултетот за природни и технички науки- Штип.
Закана за квалитетот на воздухот е и забрзаната урбанизација.

„ Нормална појава е дека треба да се развива, но со преземање на некои мерки и редовно следење на квалитетот на воздухот може да се доведе до контрола на загадувањето на воздухот“, рече Маријан Главинчески- координатор на проектот Воздухот на граѓаните.

Струга има на располагање 10 милиони денари, за преземање мерки со кои ќе се намали загадувањето,но тие пари не се доволни.

„Таа сума сигурно дека не е доволна, сигурно ќе треба и сет на други мерки.Струга е еден комплексен систем.Не станува збор само за градот, тука се и приградските населби, а тука се и големите рурални населби, кои исто така го имаат овој проблем, со кој во иднина градските власти ќе мора да се позанимаваат“, нагласи Владислав Жупан-Општина Струга.

Како сериозни причинители за загадувањето на воздухот во Струга во минатото се посочуваа и дивата депонија на влезот на градот, како и неколкуте каменоломи кај селото Лабуништа,но сега анализите тоа не го покажаа, бидејки каменоломите не работат./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button