„Бранители“ ја покажуваат првата пукнатина во односите меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН
„Бранители“ ја покажуваат првата пукнатина во односите меѓу коалициските партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

Законот за бранителите, законот за јазиците и балансерот го судрија Мицкоски со коалицискиот партнер ВЛЕН, но и со ДУИ.
Премиерот Мицкоски му посакува среќа на ВЛЕН доколку реши да ја напушти владата поради Законот за бранителите. Ова е неговиот коментар на изјавата на пратеникот Халил Снопче, кој во интервју рече дека доколку се укине Законот за употреба на јазикот и се изгласа Законот за бранители, за ВЛЕН веќе нема место во владата.
Мицкоски не знае дали Законот за бранители ќе биде или не на дневен ред, но потврдува дека ќе го поддржат. Тој се приклучи на повикот на СДСМ, првиот човек на Собранието Гаши да ја свика седницата на комисијата, која претседателката на комисијата Илире Даути одбива да ја свика.
СДСМ ќе побара седница на Комисијата за деловнички мандатно-имунитетни прашања на која ќе се разговара за одговорноста на Гаши и евентуалното прекршување на Деловникот бидејќи тој не ја свика седницата на Комисијата за социјална работа. Ја повикуваат и претседателката на комисијата Илире Даути да преземе одговорност. Се сомневаат дека има договор меѓу ВМРО и ВЛЕН со цел законот никогаш да не помине.
Покрај ВЛЕН, Мицкоски му посакува успех и здравје на Ахмети од ДУИ, по најавите дека доколку се укине балансерот, ДУИ ќе протестира./Aлсат.мк
Фатлуме Дервиши