
Израел денеска го обвини генералниот секретар на ОН дека не презема ништо за да ги спречи нападите на Хезболах на нејзина територија, откако Антонио Гутереш ја спореди израелската војна против Хамас во Газа со „постојан кошмар“ што се заканува да го одведе Либан во хаос.
„Кошмарот за кој зборувате е реалност. Таа реалност е дека Хезболах го зеде Либан како заложник и дека ОН не го признаваат она што (Хезболах) го прави и повеќе не ги исполнуваат своите основни задачи: да ги спречат нападите на Хезболах и да бараат спроведувањето на резолуцијата 1701 на Советот за безбедност“, напиша израелскиот министер за одбрана Јоав Галант на социјалната мрежа Икс.
Гутереш претходно ги предупреди лидерите собрани во Њујорк на Генералното собрание на ОН дека „Либан е на работ на колапс“.