СПОРТФУДБАЛ

Дерби во Маџари, Вардар-Силекс во вечерен термин

Денеска се играат натпреварите од седмото коло во Првата Лига, а дербито се игра на Маџари. Дуелот меѓу Гостивар и Шкендија кој ќе се игра на стадионот „Борис Трајковски“, и е дуел на две екипи кои немаат пораз по првите шест кола. Тетовскиот тим е лидер со 14 бода, гостиварци со два бода помалку се трети.

Advertisements

Работнички во моментов ја држи втората позиција, романтичарите денеска му гостуваат на Пелистер во Битола. Пелистерци во минатото коло ја совладаа Беса, па со зголемена самодоверба и цел за трите бода ќе влезат во денешната пресметка со дебармаалци.

Шкупи кој покажа мускули во претходното коло во Струга, би требало денеска да има лесна задача, на Чаир го пречекува тимот на Беса.Брера во Струмица го пречекува Тиквеш, а се игра и езерското дерби меѓу Воска и Струга.

Натпреварите почнуваат од 15 часот, освен дуелот меѓу Вардар и Силекс кој започнува од 20 часот.

ПМФЛ 7. коло:

Гостивар – Шкендија

Пелистер – Работнички

Шкупи – Беса

Брера – Тиквеш

Воска – Струга

Вардар – Силекс (20.00)

 

Табела: Шкендија 14, Работнички 12, Гостивар 12, Струга 10, Силекс 9, Шкупи 8, Пелистер 8, Вардар 7, Брера 7, Беса 4, Тиквеш 4, Воска 4.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button