ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

ДПИ ќе казнува за ненамалени цени и немање натпис

Трговците што на основните прехранбени производи кои треба да имаат ограничена профитна маржа ги немаат поставено ознаките „помалку трошоци, повеќе за тебе“ од денеска ќе се соочат со казни, информираат од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ).

Advertisements

Во теренските проверки што биле направени во текот на вчерашниот ден, откако стапи на сила владината одлука за ограничување на маржата, инспекторите забележале дека во маркетите не се поставени потребните ознаки, иако тоа е обврска која е наведена и во самата одлука која во понеделникот е објавена во „Службен весник“.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски вели дека на трговците им дале рок ознаките да ги постават до крајот на вчерашниот ден.

„Екипите на ДПИ од утрово се на терен низ целата држава и уште денеска од 12 или од 13 часот ќе почнат со казнување на маркетите кои не си ја исполнуваат обврската“, вели Трајковски во изјава за МИА.

Според него, маркетите се жалеле дека причина за немањето на натписот е тоа што немале време да ги испечатат ознаките.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button