Демократски Сојуз: Законот за бранители треба да го поддржат сите партии

Предлог-законот, кој е во собраниска постапка, треба да го поддржат сите партии. Неприфатливо е истиот да се користи за меѓупартиски конфронтации и поттикнување на меѓуетнички тензии, првенствено од страна на ДУИ и СДСМ, наведуваат денеска од партијата Демократски Сојуз.
Во партиското соопштение се додава:
„Македонија за водството и припадниците на паравоената формација ОНА (УЧК),направи голем број на отстапки, меѓу кои нивна амнестија преку донесување на закон и вработување на голем дел од припадниците на ОНА, амнестија за водството на ОНА преку автентично толкување на Законот за амнестија од страна на Собранието на Македонија, трансформација на ОНА во политичка партија, а водачите на ОНА станаа лидери на новата партија ДУИ која 20 години беше на власт итн.