ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гаши: Не можам да судам дали Даути го прекршила Деловникот

Претседателот на Собранието Африм Гаши не може да ја свика Комисијата за социјална работа да расправа за Законот за бранители, бидејќи седницата на која требаше да се разгледува овој закон е веќе свикана, иако претседателката на комисија не го ставила законоѕ на дневен ред. На прашањето дали со оваа постапка претседателката на Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Илире Даути, го прекршува Деловникот, Гаши рече дека не може да донесе таква пресуда.

Advertisements

„Јас сум претседател на Собранието кој го спроведува Деловникот, но не и кој суди, не сум тука да судам кој го прекршува Деловникот или не, тоа не е мое право. Станува збор за толкување од страна на страните, од политички, правен, експертски аспект, останува прашање на толкување и оценување на различните страни заинтересирани за оваа работа. Мислам дека е апсорбирано прашањето и ќе треба да видиме во иднина дали имаме проблем со Деловникот, тогаш Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања треба да ги испита членовите од Деловникот кои се меѓусебно во колизија“, рече Гаши.

Во меѓувреме, пратеничката Илире Даути за Алсат кажа дека до неа стигнала иницијативата од 1/3 од членовите на Комисијата за социјална политика, која таа ја предводи, со барање да се свика седница за бранителите. Даути рече дека нема да ја стави оваа точка на дневен ред, се додека во овој закон не се вбројат и поранешните војници на ОВК. И покрај повикот на ВМРО за нејзино разрешување или интерпелација, Даути не смета дека нејзините колеги би се охрабриле да го сторат тоа.

„Нашиот став е многу јасен. За такви закони не може да се расправа во комисии кои се формираат за други прашања, за да се третираат сите граѓани еднакви. Затоа останувам на мојот став, воопшто не ме поколебаат вакви памфлети како што вчера пратениците на ВМРО кои сочинуваа една третина од членовите на Комисијата ми го упатија барањето да се свика комисијата со оваа точка на дневен ред. Исто како што направи пред извесно време претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој ме замоли да ја свикам комисијата“, вели Даути.

Првиот вицепремиер на Владата Изет Меџити вели дека ниту СДСМ ниту ДУИ ги интересираат бранителите, ниту ОНА туку како да избегаат од одговорностите.

„…тоа е предлог на СДСМ и ДУИ и ве уверувам дека овој закон нема да помине. Во времето на ДУИ неколку пати се носеше Законот за бранители, тие и денес имаат социјален статус, различен од војниците на ОНА, имаат привилегии во државата заради политиките на ДУИ и нивните партнери во минато, па тоа е нивна иницијатива и сега е во комисијата каде е е блокиран и ќе остане блокиран. Значи нема простор да се разговара за последиците од овој закон, кога овој закон не поминува“, рече Меџити.

Седницата на Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања ќе биде свикана, но спикерот Африм Гаши не прецизираше дали ќе се постапи врз основа на барањето на СДСМ за утврдување на неговата евентуална одговорност. Тој рече дека може да се вклучи и мислењето на јавноста и експертите за да се донесат поквалитативни заклучоци.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button