ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Партиски реакции за стагнацијата на европскиот пат

Одвојувањето на Македонија од Албанија на патот кон евроинтеграциите предизвика политички реакции во земјата. За неуспехот на евроинтегративниот процес СДСМ ги обвинува ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски. Филипче рече дека ова е неуспех со големи последици, обвинувајќи ја Владата дека го враќа интегративниот процес на земјава на билатерално прашање со Бугарија.

Advertisements

Премиерот Мицкоски рече дека одвојувањето е ложа порака за македонските граѓани. Тој и посака успех на Албанија и рече дека се надева оти во текот на овој процес кон ЕУ, патиштата повторно ќе не зближат.

Билал Касами од ВЛЕН го гледа одвојувањето на Албанија како резултат на погрешните политики на претходната влада.

„Би сакале одлуката на Европската комисија за Северна Македонија да биде заедно со Албанија…ова е резултат на сите погрешни политики во минатото, но и билатерални пречки со нашите соседи, поконкретно со еден од нашите соседи во моментот сме блокирани и секако ние како влада работиме сериозно за надминување на оваа ситуација и би сакале да имаме партнер во оваа насока и во Брисел и кај источниот сосед, но ние како коалиција Влен и како Влада го поздравуваме напредокот на Албанија, но во исто време ќе работиме сериозно за што поскоро Северна Македонија да го отвори првото поглавје и да го продолжи интегративниот процес на Европската Унија“, вели Касами.

Од ДУИ, пак, преку соопштение порачаа дека е критичен моментот.

ДУИ:
„Нема повеќе простор за одложувања, изговори или манипулации кои ќе го спречат неизбежното. Уставните измени не се само законска обврска, тие се морална и стратешка обврска која обезбедува нашата земја да остане на патот на евроинтеграциите. Наративот на стравот и дневната политика треба да заврши, сега е време за лидерство и визија“.

За Македонијада го отвори првото поглавје треба да се усвојат уставни измени, со кои Бугарите би биле признати како малцинство во земјата.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button