Законот за јазици не е не дневен ред на Уставен

Уставниот суд нема да постапува по иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците во октомрви. Извори од судот велат дека ваква точка не е предвидена за седниците наредниот месец, а неизвесно е и дали по прашањето ќе се одлучува во месец ноември. Има можност , по предлог на судија законот за употреба на јазиците да се најде на седница на почетокот во декември, поточно на 11 декември.
Но, таквиот предлог не значи и конечно постапувањето на судиите во Уставен, бидејќи дискусијата за оценување на предлогот треба да се исцрпи до крај и да се одлучи за можните спорни членови и препораките дадени од Уставен.
Рефератот го содржи времето на поднесување на иницијативата, видот на барањето и кој е подносител, какви подготовки се направени, кои се спорните правни и фактички прашања кои се изнесени во текот на работата на предметот, што покажала практиката, мислењата и судскиот предлог за начинот на решавање на поднесеното барање.
Иницијативата која доаѓа од некои политички партии, граѓанскиот сектор и универзитетските професори се повикува на препораките на Венецијанската комисија за спроведување на Законот за употреба на јазиците. Ова правно-советодавно тело имаше забелешки во однос на примената на албанскиот јазик во судските постапки и препорача да се преземат мерки за ефикасно спроведување на јазичните барања врз основа на одредбите од претходниот закон, законот од 2008 година. Комисијата исто така препорача и ревизија на членот 3 од законот, кој предвидува употреба на албанскиот јазик во комуникацијата во институциите, но и во други сфери и негово јасно дефинирање. Во извештајот се препорачува и укинување на казните за непочитување на законот.
Адриан Керими