ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривична пријава за поранешен директор на затворот во Струмица

Против поранешен директор на затворот во Струмица е поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службената положба и овластување, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Advertisements

Четириесетгодишниот Б.Ц. од Струмица, додаваат од МВР, во својство на поранешен вршител на должноста директор на затворот, во текот на 2021, 2022 и 2023 година на затворските полицајци им наредувал и им се заканувал, надвор од законските прописи, да ги ослободуваат од затвор осудените лица Л.К., Ѓ.В. и Г.Т..

Осудените лица, како што информираат од МВР, користеле погодности кои не им следувале и не биле присутни во затвор Струмица и по еден месец. Во евидентната книга, пак, по наредба од пријавениот, било заведувано дека осудените лица биле присутни во затворот.

„Во книгата за влез и излез од затворот осудените лица не биле секогаш заведувани и по наредба на пријавениот се вршело бришење со коректор во книгата на други заведени осудени лица, а на нивно место се пишувал Л.К.. Исто така, Л.К. се водел во затворот, иако во моментот бил надвор од државата“, се додава во соопштението од МВР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button