ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски за одлуката на ЕУ: Жртва сме на билатерални прашања, а не на Копенхашките критериуми

Премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја одлуката на ЕУ за одвојување на Северна Македонија од Албанија на патот кон ЕУ, рече дека нашата земја е жртва на билатерални прашања, а не на Копенхашките критериуми. Според него, само две партии се радуваат на оваа одлука, а тоа се, како што кажа,  политичарите во Бугарија и опозицијата кај нас.

Advertisements

Не смееме да губиме надеж и не смееме да очајуваме. Иако овие години често сме биле депресивни. Жалам што тоа се случува и жалам што мораме да бидеме жртва на билатерални прашања, а не поради исполнување на критериумите од Копенхаген. Но, ќе продолжиме да работиме напорно, ќе продолжиме да ги решаваме проблемите овде, кои морам да признаам се многу големи на број и кои ги наследивме од претходната власт. Добро е што имаме пријатели во ЕУ, добро е што тие пријатели сакаат да го шират нашиот глас во ЕУ, еден од нашите пријатели и поддржувачи е премиерот Орбан. Ова што се случува овие два дена во Охрид е симбол на пријателството и поддршката што ја имаме. На Владата на Албанија ѝ посакувам се најдобро, посакувам многу брзо да ги завршат преговорите и да станат дел од ЕУ. Се надевам дека еден ден и ние ќе бидеме дел од тоа семејство и ќе седнеме на таа маса. Жал ми е што само две страни се радуваа на оваа одлука, а тоа несомнено се политичарите во Бугарија и опозицијата овде. Ова се единствените две страни кои се радуваа на одлуката на ЕУ, која е многу погрешна кон граѓаните на Република Македонија“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button