ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Законот за „бранители“ продолжува да ги судрира власта и опозицијата

Законот за „бранители“ продолжува да ги судрира власта и опозицијата

Продолжуваат судирите меѓу власта и опозицијата за законот за „бранители“. Владејачката партија ја обвинува опозицијата дека оваа тема ја користи само за политички поени. Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека чекаат да видат дали СДСМ ќе ја поднесе постапката за интерпелација или за разрешување на првиот човек на матичната комисија на овој закон.

Advertisements

Но, СДСМ, пак, го чека епилогот на комисијата за мандатно имунитетни прашања за евентуалните прекршувања од страна на претседателаката на комисијата и претседателот на Собранието.

Спикерот Африм Гаши вчера најави дека ќе се свика седницата на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања, но не прецизираше дали ќе се постапи по барањето на СДСМ да се утврди неговата евентуална одговорност. Законот за бранители остана блокиран во Собрание, бидејќи претседателката на матичната комисија одбива да го стави на дневен ред доколку во него не бидат вклучени припадниците на ОВК. Седницата не може да ја свика ниту претседателот на Собранието, бидејќи како што рече, седницата на која требаше да се расправа за ова прашање е веќе свикана, но претседателката на комисијата го немаше ставено на дневен ред./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button