Продолжува хаосот со јавниот градски превоз во Скопје
Продолжува хаосот со јавниот градски превоз во Скопје

Продолжува хаосот со јавниот градски превоз во Скопје. Приватните превозници доцна синоќа одржале состанок, на кој одлучиле од денеска да не сообраќаат по редовните линии само во попладневните часови.
Велат дека нема да отстапат од своите барања и се додека нема одговор ќе останат делумно паркирани. Апелираат претседателот на Совет на Град Скопје да ја стави на дневен ред иницијативата за покачување на цената од изминат километар, а советниците да ја поддржат за да може да функционираат.
Инаку вчера претседателот на совет Трајко Славески кажа дека ќе се дискутира само по предлог на градоначалник, но таква одлука немало.
Од град Скопје пак, го обвинија Славевски дека одбил иницијативата да ја стави на разгледување пред советниците./Алсат.мк
Авни Тахири