СВЕТ

Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени

Израел изврши огромни напади врз Бејрут – има загинати и повредени

Најмалку шест лица се убиени во најновите воздушни напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство, кое соопшти дека бројките се прелиминарни.

Израел изврши серија огромни напади врз Бејрут, при што неговата војска соопшти дека го погодила централниот штаб на милитантната група Хезболах.

Advertisements

Првиот бран напади ги затресе прозорците низ либанската престолнина и испрати густи облаци чад што се издигнаа во воздухот.

Израел вели дека лидерот на Хезболах, Хасан Насралах бил целта на нападот, но висок израелски функционер рече дека е премногу рано да се каже дали нападот бил успешен.

Најмалку шест лица се убиени во воздушните напади, а 91 е ранет, според либанското Министерство за здравство. Велат дека бројките се прелиминарни.

Рано утрово следеше втор круг напади извршени од израелските воздухопловни сили, насочени кон, како што рече израелската војска, капацитети за производство на оружје на Хезболах и клучни командни центри на милитантната група во јужен Бејрут.

Тоа се случи неколку часа откако израелската војска за првпат повика на итна евакуација на некои специфични згради во јужните предградија. Портпаролот на армијата Авичај Адраи во објава на Х рече дека луѓето треба „да се оддалечат најмалку 500 метри“ од три згради.

Синоќешниот напад беше најсилниот изведен од Израел во Бејрут за време на неговиот речиси едногодишен конфликт со Хезболах, кој започна кога групата поддржана од Иран почна да истрела ракети кон Израел речиси веднаш по нападот на Хамас од Газа на 7 октомври.

Израелската војска тврди дека извршила „прецизен удар“ врз штабот на Хезболах, кој, како што рече, бил „вграден под станбени згради во срцето на Дахие во Бејрут“.

Дахие – јужно предградие на Бејрут контролирано од Хезболах, беше погодено четири пати во текот на минатата недела. Оттаму раселени се околу 100.000 луѓе.

Четири од зградите во областа беа претворени во урнатини во петокот, објави телевизијата Ал Манар на Хезболах.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button