Стапи на сила Законот за нефер трговски практики- се очекува поевтинување на 2500 производи
Стапи на сила Законот за нефер трговски практики- се очекува поевтинување на 2500 производи

Стапува на сила Законот за нефер трговски практики со кој дополнително треба да се намалат цените на околу 2.500 прехранбени производи. Законот предвидува граница на маржа на профит до 10 проценти, а покрај тоа,се забранува промоција и истакнување на одреден производ.. Во случај на прекршување на законот предвидени се казни до 20 илјади евра. Граѓѓните велат дека не виделе голема разлика во цените. Некои од нив велат дека забележале многу мало намалување, додека други се жалат дека цените се исти.
„Исто е, нема разлика, тоа што ги купив сега беше со исти цени како порано, исто“, рече еден граѓанин.
Според Министерството за економија, најголема казна за голем трговец може да биде до 20 илјади евра и од 350 до 500 за одговорното лице. За најмалите прекршоци предвидена е казна од 5 до 6 илјади евра за голем трговец и од 350 до 500 евра за одговорното лице ./Алсат.мк
Ајнур Бафќари