Жителите на Желино бараат МВР да отвори канцеларија за лични документи
Жителите на Желино бараат МВР да отвори канцеларија за лични документи

Жителите на Општина Желино продолжуваат да патуваат до 40 километри за да добијат лични документи. Од вкупно 18 села кои ги има општина Желино, шест се планински. Жителите на најоддалечените области за да извадат лична карта мора да поминат повеќе од 2 часа пат одење и враќање. Жителите бараат МВР да отвори канцеларија во оваа општина.
„Не дека има потреба, туку е повеќе од потребно. Луѓето патуваат од Седларево до Тетово. Од Седларево до Групчин има 18 километри, а да се стигне до Тетово час или час и половина пат. Потоа има, знаете, долги редици и не можеме да завршиме работа за еден ден. А ако се отвори во Групчин, ќе се скрати и времето и трошоците. Лошото е што немаме ниту автобуска линија, ниту приватна. Немаме со што да патуваме, бидејќи комби возилата се ретки“, рече ден жител.
„Документите ги добиваме во Тетово. Гужва вообичаено како и за целото население , со чекање. Предалеку е, но ние кои имаме превоз и одиме сами не е проблем, но имаме возрасни кои не можат да одат во Тетово. Канцеларија е многу потребна за општина Желино“, додаде друг жител.
Градоначалникот на Желино, Блерим Сејдиу, рече дека секоја година поднесува барања до МВР за канцеларија за лични документи, но се уште нема позитивен одговор.
„Од првиот пат кога дојдовме во општина Желино, тоа беше најчестото барање што го поднесуваме до Министерството за внатрешни работи, дури и со официјални писма да има место каде што ќе се издаваат личните документи, а тоа го правиме секоја година, но за жал немавме одговор. Иако имавме ветувања од поранешните министри за внатрешни работи, нема таков конкретен чекор “, рече Блерим Сејдиу, градоначалник на Желино.
Во руралните средини на Тетово беше отворен само пунктот за опрема со лични документи во општина Теарце. Отворањето на другите пунктови беше ветувано долго време, но ништо конкретно./Алсат.мк
Башким Сулејмани