Проблемот со јавниот превоз во Скопје-игнориран од властите
Проблемот со јавниот превоз во Скопје-игнориран од властите

Состојбата со ЈСП автобусите продолжува да ги загрижува граѓаните кои се принудени да го користат јавниот превоз во Скопје. Тие се жалат дека не пристигнуваат на време на своите работни места и учениците не пристигнуваат на училиште кога треба.
Граѓаните се принудени со часови да чекаат автобуси .Според нив, постојат ситуации кога автобусите на ЈСП остануваат без гориво и во овие ситуации се принудени да чекаат уште подолго.
Неофицијалната статистика вели дека за само еден ден над 10 автобуси на Јавното претпријатие престанале да сообраќаат бидејќи им снемало гориво . Друга причина зошто голем број автобуси се надвор од сообраќај се честите дефекти.
Но граѓаните остануваат без автобуси и од други причини. По сообраќајката што се случи со автобусот на линијата 81 Блаце, на жителите им беше кажано дека за оваа линија нема возач, и учениците сега се принудени секој ден да одат до центарот на селото за да најдат превоз. Блаце не е единственото село со проблем со јавниот превоз, со сличен проблем се соочуваат и жителите во селото Матка и некои други села.
И за да биде ситуацијата уште потешка за граѓаните, приватните превозници повторно почнаа со протест барајќи повисоки цени по километар.
Вистинскиот хаос со јавниот превоз во Скопје е веќе започнат, а од понеделник граѓаните треба да бараат алтернативи на јавниот превоз во Скопје./Aлсат.мк
Авни Тахири