СПОРТ

Ракометарите на Алкалоид дел од хуманитарниот пикник

Ракометарите и стручниот штаб на суперлигашот Алкалоид беа дел од десеттиот пикник за вработените на компанијата „Алкалоид“ кој традиционално имаше и хуманитарен карактер.

Advertisements

Настанот се организира под закрила на Фондацијата „Трајче Мукаетов“, а се обезбедија околу два милиони денари за организацијата “СОС Детско село”. Ракометарите и стручниот штаб на македонскиот суперлигаш беа на овој настан заедно со свои пријатели или членови на семејствата.

Општествената одговорност е долгогодишен дел од традицијата на компанијата „Алкалоид“. Покрај во спортот, компанијата се залага и за подобрување, унапредување и за развој на заедницата во која дејствуваме./Gol.mk/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button