ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Кривичен работи со преполовен кадар

Кривичен работи со преполовен кадар

Основниот Кривичен суд во Скопје работи со 30 судии помалку од потребниот капацитет. Поради ова, во извештајот на Судскиот совет порано неделава, Кривичен беше ставен на листата на неажурни судови, односно судови кои не успеале да го совладаат приливот на предмети. Посебно е критичен и бројот на судии кои работат на прекршочни предмети.

Advertisements

“Согласно годишниот распоред за судот на одделот за Прекршочни постапки во моментов постапуваат 11 судии. Како што сме кажале неколку пати на брифинзите што сме ги имале како суд со новинарите, но и согласно сите извештаи доставени до повисоките судски инстанци, во Кривичен во моментов постапуваат 40 судии плус претседателот на судот, а согласно одлуката на Судскиот совет од 2015 – та година во Кривичниот суд потребно е да бидат избрани најмалку 70 судии”, велат од Основен Суд Скопје.

Последните статистики на Кривичен за април месец 2024 година, во делот на прекршочните предмети покажуваат дека кон почетокот на четвртиот месец од 2024 година, судиите имале за работа околу 16.500 предмети, примиле околу 1700 нови предмети, а во текот на месецот успеале да решат нешто над 1300 предмети. Ова покажува дека на крајот од април им останале помалку од 17.000 предмети, што значи дека бројот на предмети од почетокот на месецот се натрупал за дополнителни 360 предмети.

Согласно годишниот распоред за судот на одделот за Прекршочни постапки односно ПРК – О , ПРК – С и ПРК – Ј ( односно стопанство, јавен ред и мир и сообраќај ) во моментов постапуваат 11 судии. Како што сем кажале неколку пати на брифинзите што сме ги имале како суд со новинарите, но и согласно сите извештаи доставени до повисоките судски инстанци, во Основниот кривилчен сд Скопје во моментов постапуваат 40 судии плус Претседателот на судот, а согласно одлуката на Судскиот совет од 2015 – та година во Кривичниот суд потребно е да бидат избрани најмалку 70 судии. Секако зависно од бројот на судии и бројот на примени и предмети во работа се распоредуваат судиите по оддели и одделенија.

Вид на предмет – прекршоци

Кон почетокот на април, 2024 во Кривичен имало 60 нерешени разни прекршочни предмети, новопримени биле 314 предмети, со што вкупно за работа имало 374 предмети. Од овие предмети, судиите успеале да решат 319, а 55 останале нерешени.
Прекршочни предмети, април 2024
Кон почетокот на април нерешени предмети имало 16.533, новопримени 1718, со што вкупно за работа судиите имале 18.251. Бројот на предмети кои биле решени во април изнесувал 1358, со што за работа остаале 16.893 предмети.
./Алсат.мк

Михаило Донев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button