
Мора да се избегне војна од огромни размери на Блискиот Исток, смета американскиот претседател Џо Бајден коментирајќи ги последните воени операции на Израел против Хезболах во Либан и хутите во Јемен, пренесува Ројтерс.
„Неопходно е да се избегне регионален конфликт. Тоа навистина мора да се спречи“, рече тој.
Бајден пред новинарите најави дека планира да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, но прецизираше кога точно ќе се случи тоа.
„Ќе соопштам кој ќе биде исходот од разговорот“, изјави Бајден.
Инаку, според американските медиуми, Бајден и Нетанјаху не разговарале уште од август.
Израел вчера изврши напади на неколку локации во Либан, за кои тврди дека се упоришта на Хезболах, а бомбардирал и цели на јеменските бунтовници хути.